четврток, 30 април 2026

„Со законот за Бехтел и Енке се поткопуваат темелите на владеење на правото“

Објавено на

часот

Сподели

„Истовремено, за ваква инвестиција од страна на државата недостасуваат анализи кои ќе ја образложат вистинската потреба за изградба, деталите и анализата на корист и трошок од изградбата, за граѓаните да добијат најмногу за денарот што го вложиле како даночни обврзници.

Платформата ги потсетува институциите дека почетокот на борбата против корупцијата е политичката волја. Таа не се состои само од поддршка на институциите примарно задолжени за борбата против корупцијата. Политичката волја значи и сопствено делување, во своите надлежности кое почива на начелата на непристрасност, законитост и транспарентност. За жал, овој и слични примери го подриваат тоа што е постигнато досега и ја нарушуваат довербата на граѓаните во институциите. Дополнително, го рушат угледот пред меѓународните партнери и ќе влијаат на оценките во извештаите за земјава. Бараме од претставниците на власта да бидат пример за борба против корупција, а не ризик“, се вели во реакцијата на Платформатана граѓански организации за борба против корупцијата.

Платформата на граѓански реакции за борба против корупција е составена од 17 членки – организации кои работат на теми од антикорупција, владеење на правото и добро управување.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ