четврток, 30 април 2026

Со Рамиз Мерко пак ќе победиме во Струга, вели Артан Груби

Објавено на

часот

Сподели

„Рамиз е добар градоначалник и за Македонците и за Албанците, и за Турците и за Ромите. На присутните им испратив порака од господинот Ахмети дека господинот Рамиз Мерко ќе биде кандидат за уште еден мандат во Струга на локалните избори за 17 октомври затоа што сме убедени дека со господинот Мерко ќе победиме и ќе продолжи успешното менаџирање со Струга, затоа што тоа го бараат и граѓаните“, изјави Груби.

Тој додаде дека дека Мерко го заслужил мандатот со работа.

„Нема булевар, нема улица каде не се работи, се инвестира многу во Струга. Се инвестира многу и од страна на Владата во соработка со Општината, сите нивни проекти веќе се одобрени од страна на Владата и сметам дека апсолутното мнозинство на стружани ќе го поддржат господинот Рамиз Мерки, не само Албанци туку и Македонци и другите етнички заедници“, рече Груби.

На прашањето за кривичната пријава против Мерко за трошењето на буџетот, Груби изјави дека тоа не значи дека Мерко нешто е виновен.

„Пријави има против премиер, против други политичари. Не значи дека е виновна личноста, туку напротив ние сме јавни личности и сме на тапет“, рече Груби, додавајќи дека граѓаните на крај се меродавни и тие одлучуваат, а Мерко секогаш кога се кандидирал победувал и испраќал во политичка пензија и лидери на партии кои му биле противкандидати.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ