Во разговорот, министерката Шекеринска информираше за вклученоста на Армијата и поддршката која армиските сили ја даваат на државните институции во справување со огнените стихии и изрази благодарност за подготвеноста на нашиот НАТО сојузник, Словенија, да помогне во справувањето со оваа елементарна непогода, стои во соопштението од МО.
Министерот Тонин изразил жалење за состојбата и додал дека во неволја се познаваат вистинските пријатели.
„Можете да сметате на нас“, порачал министерот Тонин.
Во соопштението од МО стои дека комуникацијата на ниво на институции за координација на словенечките капацитети за помош во справувањето со пожарите е во тек.






