четврток, 30 април 2026

Шахпаска уверува дека ќе биде ефикасен системот за социјална заштита

Објавено на

часот

Сподели

„Ние сме во состојба да ги апсорбираме барањата на граѓаните и да одговориме на нив. Министерството во буџетската проекција има средства што треба да одговарат на потребите на граѓаните кога се најранливи, односно во состојба на ризик во ситуација како што е и оваа. Кај нас повикот е постојално отворен и сите кои што имаат потреба се обраќаат до Центрите за социјална работа, потоа се излегува на терен и се прави проценка. Дополнително имаме и други алатки кои помагаат во урегентни и акутни состојби, како што е еднократната парична помош во одреден износ, кој би им помогнал на граѓаните. Ние сме подготвени да одговориме на потребите и барањата на граѓаните”, рече министерката Шахпаска.

Според Шахпаска, системот на социјалната заштита функционира, што се виде, особено во периодот на пандемијата, кога беа олесенети критериумите за влегување на граѓаните во социјален ризик. Доказ за тоа, рече таа се дополнителните 7.500 семејства кои влегоа во системот на социјална заштита.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ