петок, 1 мај 2026

Се пребројуваат Хрватите во Македонија, бараат влез во Преамбулата на Уставот

Објавено на

часот

Сподели

„Теренската кампања ја започнуваме вечерва во хотелот ‘Мериот’ во Скопје. Потоа следуваат активностите во Охрид, Куманово, Штип, Тетово… Ја имaме поддршката на хрватската влада, Македонија и Хрватска се пријателски, блиски земји, без отворени прашања. Но, тоа не значи дека се остваруваат сите национални права овде, барем не на нивото како што е тоа во Хрватска. Асимилацијата си го прави своето, попис нема 20 години, а и при последниот, во тие воени, виорни времиња, не сите се изјаснија. Ова е прилика да дојдеме до точниот број и, како што Бугарите го бараат тоа, и ние ќе побараме влез во Преамбулата на Уставот“, вели Невенка Болонча Костовска, претседателка на Заедницата на Хрватите во Македонија.

Тие на оваа тема имаа и средба со премиерот Зоран Заев.

В.М.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ