петок, 1 мај 2026

Разрешен директорот на НУБ „Свети Климент Охридски“-Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„По повеќемесечни инспекциски надзори спроведени од страна на Министерството за култура во 2021 година, утврдени се низа сериозни неправилности во работата на директорот од аспект на Законот за културата и Законот за библиотеките.

Врз основа на утврдената фактичка состојба констатирана при инспекциските надзори, министерката за култура Ирена Стефоска оцени дека се исполнети законските услови за разрешување од должноста директор на Националната установа,  Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски”-Скопје пред истекот на мандатот“, се наведува во соопштението од Министерството за култура.

До изборот на нов директор, заради непречено функционирање на оваа установа, назначен е в.д. директор од редот на вработените.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ