петок, 1 мај 2026

Подмладокот на Каракачанов ќе го пречека Заев во „заедничката татковина“

Објавено на

часот

Сподели

Пред оваа акција на подмладокот, се огласи и претседателот на партијата Каракачанов со критики до поранешниот премиер Бојко Борисов дека ја погазува политиката кон Македонија што заедно ја воделе како коалициски партнери само за да остави добар впечаток кај Западот.  

„Не можете да плукате по достоинството со вртење грб на одлуката што ја браневте како премиер, само за да им оставите добар впечаток на некои фактори на Западот. Политиката што ја браневме заедно до вчера, а особено националните интереси на Бугарија и сеќавањето на сите оние што ги дадоа своите животи за бугарштината во Македонија, не се на продажба ниту, пак, се монета за поткусурување за политички цели дома“, напиша Каракачанов на Фејсбук.

Тој ја искритикува речиси целата изјава на Борисов, почнувајќи од тоа што го кажа дека ако на актуелната бугарска власт не и се допаѓа Договорот од 2017 нека направат друг договор.

„Да се напишел нов договор? Требало дијалог, за да не се мразат двата ‘народа‘, двете ‘нации‘? Какви два народа, две нации? За какво зближување на младите станува збор? Тука прво е прашањето зошто народот од двете страни на границата се мрази? А одговорот е многу прост и сум го кажал стотици, ако не и илјада пати. Затоа што коминтеровскиот проект на Сталин и Георги Димитров којшто создаде Франкештајн на Балканот, наречен ‘македонска нација“ наметна една опасна теза. Тезата на македонизмот“, вели Каракачанов.

Повторувајќи ги старите тези, тој кажа дека Софија дава поддршка за нашето членство во НАТО и во ЕУ и дека тоа е стратешки интерес на Бугарија, а во замена за тоа Скопје направило „едно големо ништо“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ