петок, 1 мај 2026

Петровска: Одиме на избори, „Зелен хуман град“ ги собра неопходните потписи

Објавено на

часот

Сподели

Петровска им се заблагодари на сите граѓани кои одвоија време за да ја поддржат нивната кандидатура и нагласи дека времето за кое се собрани неопходните 1.000 потписи ја покажува желбата на скопјани да живеат во подобри градски услови, „во зелен и хуман град“.

Таа ги повика граѓаните на скопската општина Гази Баба да им помогнат на независните кандидати од партнерската зелена листа, да појдат во просториите на ДИК во таа општина и да го дадат за нив својот потпис за да можат да учествуваат на изборите за општинскиот совет на Гази Баба.

Инаку, Петровска својата одлука да се кандидира за градоначалничка на Скопје ја донесе откако од Владата беше разрешена од функцијата директорка на Државниот инспекторат за животна средина. Разрешувањето беше реализано на барање на ДОМ, а Владата иако ја оцени позитивно нејзината работа како директорка, соопшти дека тој ресор и припаѓа на таа партија.

Невладините организации за заштита на животната средина реагираа на тоа разрешување истакнувајќи дека имале одлична соработка со Петровска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ