петок, 1 мај 2026

Пендаровски вети дека нема да ги потпише измените во Изборниот законик како што е предложен

Објавено на

часот

Сподели

Предложените измени на Изборниот законик би го добиле потписот на шефот на државата само доколку во однос на прагот за независните кандидати се постигне поширок консензус меѓу партиите.

На брифинг со новинарите денеска кај шефот на државата беше посочено и дека е непримерно за толку кусо време пред изборите да се менува Изборниот законик, што не е согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР, тоа да не се прави шест месеци пред избори.

Измените на Изборниот законик на предлог на група пратеници веќе влегоа во собраниска процедура и тие освен препораките на ОБСЕ/ОДИХР, содржат и компромисен предлог за начинот на спроведување на престојните локални избори. Отворените листи се дел од компромисниот предлог, како и прагот од три отсто за преференцијалните кандидати за советници, за кој имаше забелешки, особено од помалите партии, но реакциите особено беа во однос на два отсто изборен праг за оние кои на изборите сакаат да учествуваат со независни листи.

За измените вчера се огласи и Државната комисија за спречување на корупцијата. ДКСК  по повод реакциите на повеќе здруженија во Македонија во однос на предлог измените на Изборниот законик со кои се зголемува прагот на собрани потписи за поднесување на листа на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник кога подносител е група избирачи, велат дека од аспект на своите надлежности секогаш укажувале на потребата од голема транспарентност и инклузивност на поголем број чинители во процесите со кои се носат одлуки кои за ефект имаат ограничување или намалување на со Устав загарантираните права на граѓаните на Македонија.

„Носењето на измените во Изборниот законик непосредно пред започнување на изборниот процес се спротивни на препораките дадени во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за Локалните избори 15 октомври и 29 октомври 2017 и на добрите практики со кои се препорачува стабилна изборна рамка. Имено, Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР укажува дека промените на Изборниот законик во 2017 година донесени во скратена постапка, без широки консултации се во спротивност со обврските што произлегуваат од членството во ОБСЕ и се препорачува стандардизирање на потребниот број на потписи за независните кандидати на најмногу еден процент од регистрираните гласачи во согласност со меѓународните добри практики, но и да се размисли за обезбедување алтернативни методи за прибирање потписи, со цел да се намали потенцијалот за заплашување“, се наведува во соопштението на ДКСК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ