петок, 1 мај 2026

Пендаровски кон Вартоломеј: Спорот за МПЦ-ОА е рана што предизвикува болка во православието

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението од кабинетот на претседателот се вели:

„На средбата се разговараше за состојбите во православниот свет, улогата на Вселенската патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии. Во таа насока, претседателот Пендаровски ја истакна важноста на улогата на Вселенскиот патријарх во поттикнувањето дијалог за сите отворени прашања во православниот свет.

Покрај ова, на средбата се разговараше за прашањето за решавање на статусот на Македонската православна црква – Орхидска архиепископија и во таа прилика претседателот Пендаровски потенцираше дека Вселенскиот патријарх има особена улога во надминувањето на црковниот спор. Истовремено претседателот Пендароски повика на што поскоро надминување на спорот, затоа што како што посочи, раната на едно место во православниот свет боли во целиот православен свет.

Истовремено на средбата беа разменети мислења за состојбите во регионот поврзани со актуелните случувања во однос на интеграцијата на земјите во Европската Унија, при што Патријархот Вартоломеј нагласи дека го поддржува членството на Северна Македонија во ЕУ, кое преку исполнување на критериумите би донело подобар живот, зголемена солидарност и толеранција”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ