петок, 1 мај 2026

Пендаровски ги покани Џафери, Заев и сите политички лидери на прославата во Крушево

Објавено на

часот

Сподели

Како што велат од неговиот кабинет, оваа година во Крушево нема да има говор на претседателот Пендаровски, а чествувањето ќе биде после 18 часот за да можат да дојдат и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој според системот на ротација годинава треба да биде на одбележувањето на празникот во Скопје и премиерот Зоран Заев кој ќе биде во Пелинце.

Исто така, Пендаровски ги поканил во Крушево и сите лидери на политички партии, а досега присуството го потврдиja лидерот на СДСМ Зоран Заев, претседателите на ДУИ Али Ахмети, на НСДП Тито Петковски, на ГРОМ Стевче Јакимовски, на ДОМ Маја Морачанин, на Демократската партија на Србите Иван Стоилковиќ, на Демократскиот сојуз Павле Трајановски…

Според најавите од кабинетот на Пендаровски, програмата ќе почне со читање на илинденски пораки и Крушевскиот манифест. Пораките ќе ги чита актерот Никола Ристановски, потоа ќе настапи Влатко Стефановски. По нив следуваат настапите на Танец, на Албанскиот ансамбл и на Воениот оркестар.

Идејата е сите политичари да дојдат во Крушево, да нема поделби и тоа да биде симболичен чин на обединување.

Според досегашната практика, претседателот на државата, претседателот на Собранието и премиерот ротираа секоја година во Крушево, во Пелинце и во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ