„Мислам дека треба да најдеме начин Бугарија да ѝ даде зелено светло на Македонија“, изјавил Пахор за словенечката новинска агенција СТА.
Според него, тоа сега е морално прашање за Европа, а не само политичко“.
„Свесен сум дека нема да биде лесно, освен тоа, се чини дека има уште повеќе можности Албанија да добие зелено светло“, вели Пахор, додавајќи дека од гледна точка на Скопје, ова би било доста трагично.
Напредокот во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, според Пахор, е важен за стабилноста на регионот и дека ситуацијата сериозно ја покажува неодамнешниот указ на американскиот претседател Џо Бајден за замрзнување на имотот и забрана на секој што придонесува за дестабилизација на тоа подрачје.






