петок, 1 мај 2026

Османи: Во очекување сме да прифатиме мал дел од мирољубивото население од Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот, на покана на Венди Шерман, заменик државен секретар на САД, учествуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и претставници на земји членки на ЕУ и НАТО и други пријателски земји од различни региони во светот, подготвени да обезбедат привремено прибежиште за граѓаните на Авганистан кои во моментов се под сериозна закана за нивните животи, и како и за безбедноста на нивните семејства, соопшти МНР.

Османи ги информирал сојузниците за успешниот процес на евакуација на наши државјани од Авганистан, од кои еден дел се веќе пристигнати во државата и се заблагодарил на сите партнерски земји кои ги поддржаа нашите напори во таа насока.

„Северна Македонија ги заврши сите неопходни подготовки и во очекување сме да прифатиме мал дел од мирољубивото население од Авганистан, пред сѐ жени и деца, како и претставници на хуманитарни организации кои во изминативе 20 години, заедно со НАТО сојузниците, вклучувајќи ја и нашата Армија, учествуваа во изградбата на демократските процеси во таа земја. Повикувајќи се на принципите на солидарност и хуманост, како исклучително значајни во овие тешки моменти за државјаните на Авганистан тоа е најмалку што можеме да го направиме за овие луѓе“, изјавил Османи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ