петок, 1 мај 2026

Oд денеска се издаваат лични карти со Северна Македонија

Објавено на

часот

Сподели

МВР два месеца не можеше да издава лични кари со новото име на државата, откако во парламентот со околу 1.500 амандмани беше блокирано законското решение, но сега со подзаконски акт блокадата е пробиена.

За опозицијата, регулирањето на ова прашање со подзаконски акт е кршење на Уставот и на законите. Власта, пак, тврди дека издавањето на лични карти и без да се донесат законските измени е сосема легално, а МВР како надлежна институција и министерот за внатрешни работи ги имаат сите законски овластувања за донесување на подзаконскиот акт со кој се уредува издавањето на лична карта за граѓаните, а во согласност со Уставот, Уставните амандмани, Законот за лична карта и Законот за употреба на јазиците.

Старите лични карти на кои уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ