петок, 1 мај 2026

Николовски: За првпат ќе имаме нов закон за конфискација на имот, нема богатење врз грбот на граѓаните

Објавено на

часот

Сподели

„За прват по 1974 ќе донесеме законска рамка да има закон за потекло на имот никој да не се богати на грбот на граѓаните и ги ослободуваме сите слабости на институциите при конфискацијата и поделбата на нелегално стекнатиот имот. Досега видовме дека управните постаки за жал се неуспешни, ДКСК на пример досега нема ниту една постапка во која е запленет некаков нелегално стекнат имот“, рече тој.
 
Николовски посочи дека овој закон  ќе важи за сите граѓани тоа значи и поранешни функционери, поточно сите кои имаат имот или пари во вредност од над 30.000 евра и немаат доказ за неговото потекло ќе се врши проверка, а тоа ќе ги ги демотивира граѓаните на нивно име да се впишува имот на туѓо име особено на функционери.
 
„Има луѓе и со пресуди и кривични постаки и по цена да одлежат законска казна потоа да си го вратат нелегално стекнатиот имот. Обвинителите посочија дека бараат итна и граѓанска постапка за да се конфискува имотот, поточно веднаш да се приложи сето она што го располагаат фунционерите, а ова во Италија се нарекува закон на мафијата“, рече Николовски.
 
Вицепремиерот посочи дека на нацрт дискусија биле присутни членови од Советот на Европа, ДКСК, обвинителите и судиите, а нацрт законот се очекува да биде готов до крајот на август, по што ќе следува јавна дебата, но се очекува и политичките чинители да се приклучат и да дадат поддршка.
 
„Не може да возите кола од 50 илјади евра, да имате пет стана или викендици и да не ви може никој ништо. Кривичните постапки не се ефективни нема конфискација, ДКСК нема ниту една конфискација, УЈП не успеала да го процесуира тоа. Како генерација сме различни и достојни и ќе држиме до целта. Законското решение се изработува на база на јасна физибилити студија и се спроведува во десетина земји, не бараме нови ингеренции туку законско решение за никој да не се збогатува на грбот на граѓаните“, рече Николовски. 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ