петок, 1 мај 2026

Николоски: Локалните ќе бидат први избори без консензус согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР

Објавено на

часот

Сподели

„ВМРО – ДПМНЕ во разговорите имаше две суштински барања – да се применат дословно препораките на ОБСЕ и на ОДИХР за фер и демократски избори и изборот на градоначалник да биде во еден круг, односно изборот на градоначалници да се стави во иста линија со изборот на советници, затоа што главните манипулации, притисоци и недемократски средства се случуваат помеѓу двата круга. За жал второто барање за избор на градоначалници во еден круг, беше одбиено од власта, а првото барање за примена на препораките на ОБСЕ и ОДИХР не се случи под разни изговори на владејачките партии. Доколку се изменеше изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР ќе се постигнеа многу цели,ќе се зголемеше отчетноста, транспарентноста и контролата на државните ресурси со новите препораки каде што комплетно ќе требаше Антикорупциската комисија да е информирана за целокупното користење на државни ресурси“, рече Николоска.

Според него, по препорака на ОБСЕ ќе се дадеше право на граѓаните кои со судска одлука имаат одземена деловна способност да гласаат доколку имаат услови. Исто така, како што рече, ќе беше прецизирано користењето на партиските симболи на гласачкото ливче, ќе се утврдеше и унифицираше начинот на постапка и бројот на потребни потписи за собирање и предлагање на независни кандидатски листи, нешто за што настана голема дебата во јавност.

„Ќе се овозможеше сите партии или подносители на независни листи да можат да ги повлечат листите во рок од 48 часа, а не како досега да не можат да го направат тоа. По препорака на ОБСЕ се дефинира, појаснува и прецизира изборната кампања со што се овозможува подобро следење од страна на надлежните институции , на евентуално предвремено почнување на изборна кампања и прекршување на правилата на истата, се појаснува начинот на распределба на времето за рекламирање на политичките партии и кандидатите, се уредуваат роковите, содржината и постапката за доставување на финансиските извештаи на партиите до надлежните институции за контрола на истите како што се Државниот завод за ревизија, ДКСК и Агенцијата за медиумски услуги. Ќе се овозможеше на гласачите чија важност на документот за лични идентификации истекла до моментот на распишување на избори да можат да го остварат гласачкото право, нешто што сега како проблем се соочуваат 30 илјади граѓани заради неспособноста на власта да извади лични карти”, рече Николоски.

Тој наведе и дека ќе се овозможеше запишување на гласач во избирачки список по усвоен приговор за заштита на лично избирачко право, а исто така ќе се усогласеа и роковите со Државната изборна комисија и постапувањето на Управниот суд.

„Сето ова се препораки на ОБСЕ и ОДИХР коишто власта не собра сили во Собранието да бидат усвоени. Од друга страна, она што ВМРО-ДПМНЕ во знак на добра волја, но и за да се постигне консензус, беше подтотвена да го прифати, беше примена на таканаречени отворени листи за избор на советници. Во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ се согласи да има избор на советници со отворени листи, помалите коалициони партнери на СДСМ, пред сѐ тука мислам на политичките партии ЛДП, ДОМ, Демократски сојуз и останатите на ова барање иако тоа беше нивно барање. Значи, тоа што самите го бараа, откако ВМРО-ДПМНЕ го прифати, после тоа се спротвиставија, односно јасно кажаа дека не се за отворени листи со што во јавност се расчистува дилемата кој е за, а кој е против отворени листи”, нагласи Николоски, додавајќи дека за првпат требаше да се направи и регулација на финансирањето на спонзорираните објави на социјалните медиуми и социјалните платформи.

„Јавно прашуваме, кој и зошто се плаши од тоа јасно да се знае кој плаќа за спонзорираните објави по социјалните медиуми, колку пари се трошат, од каде доаѓаат тие пари дали доаѓаат од Македонија или од странство? Ако доаѓаат од странство тоа е казниво дело”, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ