четврток, 30 април 2026

Николоски: Гласот за ВМРО-ДПМНЕ кој што ќе ја предводи здружената опозиција е глас за рушење на оваа Влада

Објавено на

часот

Сподели

Николоски додаде дека гласот за помали политички партии кои што би останале надвор од здружената опозиција е всушност глас за Зоран Заев.

„Природно е да имаме различни ставови за тоа сме различни политички партии но она што е клучно е дека имаме исти став, а тоа е дека Македонија треба да исчистена од криминал и од корупција и дека оваа власт која што кажав дека е неспособна и корумпирана мора да падне. Е, во тој дел потребно е да се обединиме со сите политички партии од опозицијата кои што припаѓаат условно кажана и на македонскиот и на албанскиот кампус, како и на помалите етнички заедници на Турците, на Србите, на Ромите, на Власите, на сите кои што сакаат да ни помогнат во оваа мисија”, појасни Николоски.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ