Министерот Османи утрово се сретнал новоизбраните „дипломати за дијаспората”, Никола Ѓорчев и Семра Рамадани, пред нивното упатување во Њујорк и Осло.
“Пред вас имате посебна задача, но и голема шанса, која треба да се искористи за успешни проекти. Очекувам посветено извршување на дипломатските ангажмани што ги добивте, а во насока на помагање, грижа и унапредување на врските на државата со дијаспората. Оваа соработка е потреба, но и наша обврска за оваа категорија на наши граѓани”, истакнал Османи.






