петок, 1 мај 2026

Ние сме на европскиот пат, но не сме глупави и наивни да веруваме дека некој ќе работи за нашите земји, порача Вучиќ

Објавено на

часот

Сподели

„Нема да има застанување од Белград до Тирана и обратно. Граници ќе има, но нема да има застанување за нашите граѓани. Тоа ќе биде историски момент. Ќе имаме еден систем преку кој ќе се разменуваат информации. Знаете ли што значи ова, колкави ќе бидат придобивките кога превозниците на стока нема да мора да чекаат на граничните терминали. Ние секако дека сме на европскиот пат, но не сме глупави ниту наивни дека некој ќе работи во полза на нашите земји доколку тоа ние сами не го правиме“, рече Вучиќ.

Тој говореше и за почетоците на ваквата идеја кога меѓу трите земји имало различни проблеми.

„Кога имавме идеја за вакво нешто сите имавме различни проблеми, на пример Србија и Албанија никогаш во минатото не биле блиски. Но ние одлучивме од погледот кон минатото главата да ја свртиме кон иднината и да размислиме и да им оставиме нешто на нашите деца“, рече Вучиќ.

Според него, со ова се докажува дека Србија, Македонија и Албанија докажуваат дека меѓу себе се способни да се помагаат и да го подобруваат животот на граѓаните.

„Доколку успееме да ги надминеме административните проблеми, од 1-ви јануари 2023 година нема да има граници меѓу нашите земји, граници ќе има, но нема да важат за нашите граѓани. Тоа ќе биде историски момент“, додаде Вучиќ.

Економскиот форум, како што кажа, ќе донесе олеснување и кај трговците, по денешните потпишани меморандуми секој кој продава што било нема веќе да застанува на граничните премини.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ