среда, 6 мај 2026

Најавата од Бугарија за нов пристап во односите е охрабрувачка, вели Шекеринска

Објавено на

часот

Сподели

„Ние ќе го имаме истиот дух на добрососедство, на отвореност и истата желба да најдеме решенија и да тргнеме напред. Ако има и половина од тој дух и на бугарска страна, како што гледаме деновиве, можно е да видиме и пресврт. Дефинитивно нов пристап ќе биде корисен и за нас и за нив“, вели Шекеринска.

Според неа, охрабрувачки се и изјавите дадени во изминатиот период и резултатот од бугарските избори, затоа што Бугарија се доведе во ситуација да не блокира нас и Албанија, но на некој начин да се блокира и себе си.

„Тие зборови делуваат охрабрувачки, се разбира тоа е сепак само најава. Ние го поддржуваме тој апел за нов дух, за нов тип на дијалог во кој ќе се трудиме не да најдеме мана или причина да го блокираме соседот, туку да најдеме што и едните и другите можеме да извлечеме од поголема соработка“, рече Шекеринска.

Таа посебно се осврна на коментарот дека од Софија за да стигнете со авион до Скопје треба да одите преку Виена, и изјави дека тоа е едно конкретно прашање за кое треба да трошиме многу повеќе енергија, отколку за прашањата кои ни одземаат многу време, речиси цела година од нашата билатерална соработка.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ