петок, 1 мај 2026

МВР од УНДП и Германија доби опрема за откривање на мало и лесно оружје

Објавено на

часот

Сподели

Ова е втора донација на ИТ опрема во рамките на проектот откако во октомври  беа испорачани 53 компјутери, 16 принтери, 10 скенери и 25 специјални принтери за дозволи за оружје. Покрај донацијата на опрема, во тек е развој на соодветниот софтвер за следење и контрола на малото и лесно оружје. Дополнително, во текот на септември ќе се одржат обуки за 250 вработени во МВР кои во пракса ќе работат во овој безбедносен сегмент.

„Главната цел на проектот е да се намали злоупотребата на малото и лесно оружје како една од најчестите причини за вооружените инциденти во државата. Донацијата на оваа опрема е само еден сегмент од целокупниот проект, кој ќе го надгради информацискиот систем на МВР, а преку развој и имплементација на полициски информациски систем ќе обезбеди дигитализација и унапредување на оперативните процеси и ќе ја забрза институционалната размена на информации, изјави постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан.

Таа нагласи дека полицијата добива нова и ефикасна алатка во борбата против нелегалната трговија и незаконското поседување мало и лесно оружје, во насока на заложбите за унапредување на безбедноста во државата.

„Целосната и успешна имплементација на иницијативата ‘Патоказ за контрола на мало и лесно оружје’, која произлегува од Берлинскиот процес, е исклучително важна за зголемување на контролата на мало и лесно оружје и на безбедноста на граѓаните во сите земји од Западен Балкан“, рече германскиот заменик амбасадор Ото Граф.

„Нашата борба против овој вид криминал ќе биде поефикасна и веруваме дека ќе придонесе за зголемување на нивото на безбедност на граѓаните“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој се заблагодари за донацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ