
„Најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Свинленд, Велика Британија, над 20 граѓани се наоѓаат во Доха, Катар, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон европските центри, а потоа кон Скопје. Последните наши граѓани кои беа предвидени за евакуирање, а се наоѓаа во НАТО базата во Кабул, вчера исто така го напуштија Авганистан и се наоѓаат во Осло, Норвешка“, пишува во соопштението од МНР.
Оттаму додаваат дека во НАТО базата во Кабул се останати само оние кои сѐ уште ги обавуваат своите обврски, и чија евакуација ќе се одвива согласно распоредот за повлекување од самата база.
Со тоа, сите македонски граѓани кои биле планирани за евакуација се евакуирани и во моментов нема информација за наш државјанин кој е во загрозувачка ситуација или кому му е потребна асистенција за евакуација.






