„ВМРО-ДПМНЕ покажува еден широк капацитет нан силно реформирана партија, реформскиот процес завршува веднаш по овие локални избори, ВМРО-ДПМНЕ е партија која обединува и партија која широко го зафаќа политичкиот амбиент во Република Македонија, а со објавената коалиција со Алтернатива и Алијанса продолжуваме да се окрупнуваме“, посочи Мицкоски.
Тој вели дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе ја делегитимира владејачката коалиција, а потоа следи ново парламентарно мнозинство, кое ќе ги решава акутните проблеми како криминалот, корупцијата, отсуството на реформи, бидејќи тоа им е потребно на граѓаните.
„Ниските страсти на преплашената коалиција на власт ги сфаќаме како предизборен фолклор којшто излегува од кујната на СДСМ“, истакна Мицкоски.






