Оваа коалиција, како што рече Мицкоски, ќе ги победи поделбите, криминалот и корупцијата и ќе покаже дека Македонија има можности со политичари кои се надвор од матрицата на СДСМ и ДУИ.
„Очекувам оваа коалиција да ги победи поделбите, безнадежноста, криминалот, корупцијата, безидејноста, неспособноста, немањето визија и стратегија за развој на Македонија, историски момент за сите граѓани без разлика на етничката припадност, да покажеме дека навистина Македонија има можности и со други политичари кои што се надвор од матрицата на СДСМ и ДУИ и дека може поинаку и дека не треба да се губи надежта и дека најдобрите времиња допрва доаѓаат“, рече Мицкоски.
Во врска со кандидирањето на двајца градоначалници без поддршка од нивната партија СДСМ, Мицкоски рече дека не би сакал да коментира за раскол во друга партија.
„Од она кое што го слушам од медиумите двајца нивни актуелни градоначалници практично ќе настапат на овие избори како кандидати коишто ќе бидат поддржани од група избирачи, односно независни кандидати. Тоа што е важно дека е доаѓа крајот на оваа неспособна власт предводена од коалицијата СДСМ и ДУИ“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ..






