„Единствен начин да се стави крај на сите проблеми на оваа неспособност и на ова политичко мочуриште е катастрофата која на следните локални избори ќе им се случи на СДСМ-ДУИ. Тие се исплашени, знаат дека ќе загубат на следните локални избори и со тоа ќе се создадат услови за ново владино мнозинство и сега бараат милиони изговори за да се одложат изборите. Затоа треба да се делува инванзивно, а тоа е огромна победа со здружената опозиција на локалните избори, ново владино мнозинство, потоа луѓе кои знаат како, но и кои се мотивирани, кои што ќе ги засукаат ракавите и чесно ќе работат за граѓаните и државата“, кажа Мицкоски.
Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ рече дека сите сите проблеми на граѓаните во врска и со личните карти лежи во пораз на СДСМ на локалните избори.
„Граѓаните кои не можат да го остварат своето уставно загарантирано право имаат еден проблем, а тоа е Владата на СДСМ и ДУИ. Доколку и понатаму ги констатираме проблемите или ги додаваме едни на други, а истото решение го одложуваме, тоа не значи и трајно решение. Тоа што е моја порака денеска е да се порази СДСМ на локалните избори, а потоа со ново владино мнозинство да се работи за државата. Сѐ останато е одолговлекување на неспособноста и на агонијата“, рече Мицкоски.






