петок, 1 мај 2026

Мицкоски нема да присуствува на чествувањето на Илинден во Крушево

Објавено на

часот

Сподели

За новиот концепт на прослава на Илинден инициран од претседателот Стево Пендаровски, тој го нараче импровизирано чествување на најголемиот празник на македонскиот народ, кој според Крушевскиот манифест, вели, е и празник на нашите сограѓани без разлика на етничката припадност.

„Дел од циркускиот церемонијал предводен од претседателот  Пендаровски нема да биде делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Мицкоски пред состанокот со партијата Демократски сили на Ромите нивен коалициски партнер по повод соработката на претстојните локални избори.

Претседателот Стево Пендаровски ги покани претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и сите лидери на политички партии застапени во Парламентот заеднички да го прослават Илинден – Денот на Републиката во Крушево на централна прослава. Замислата е дека со овој начин на прослава ќе се постигне поголема сплотеност и ќе се овозможи вистинско честување на Илинден како симбол на обединување. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ