„Жалам што раководството на Левица ја одбива подадената рака за обединување со опозицијата против неспособноста, против криминалот, корупцијата и против лошиот живот наметнати од власта на СДСМ и ДУИ. Дозволувам да верувам дека ова е можеби резултат на недостаток на политичко искуството на раководството на Левица. Впрочем, никој не побара од Левица да помогне да дојдеме на власт, тку побаравме да се обединиме и да го срушиме Заев, а фактите говорат дека дел од раководството на Левица има лична одговорност за носењето на коалицијата СДСМ – ДУИ на власт“, изјави Мицкоски.
Тој повика да се поправи грешката која, нагласи, има висока цена и преку обединување во голем опозициски блок против СДСМ и ДУИ „Македонија да се извади од калта во која се наоѓа, за подобра економија, образование и здравство, против корупцијата и криминалот“.






