петок, 1 мај 2026

Коалицијата Менуваме со повеќе барања за подобрување на правата на лицата со попреченост и најава за протести

Објавено на

часот

Сподели

вие барања, како што информираат денеска од Коалицијата Менуваме, следуваат по остварените средби со сите засегнати страни, почнувајќи од децата, лицата со попреченост, родителите и со надлежните органи во Министерство за труд и социјална политика, Владата и претседателот Стево Пендаровски.

„Предлогот за 15-процентно покачување на додатокот од 2022 од страна на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска е непристоен. Се поставува прашањето дали предлагачот ги познава проблемите и потребите на децата и лицата со попреченост и нивните семејства. Предлогот не е доволно стручно размислуван и разработен од страна на предлагачот. Децата и лицата со попреченост и нивите родители не можат да замислат дека се помножени со нула во никој случај”, наведуваат во соопштение од Коалицијата Менуваме.

Оттаму додаваат дека имаат право на достоинствен живот и најавуваат протест од 1 септември се до остварување на нивните  барања.

Коалицијата во соопштението потсетува дека државата ја има ратификувано Конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОН во 2011 година, по што, се укажува дека е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост, меѓу кои гарантирање соодветен стандард на живот за лицата со попреченост. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ