
Во објава на Фејсбук тој им се заблагодари на, како што вели, вистинските бугарски родољуби кои гласале за ВМРО, како и за поддршката во време на тешка политичка, економска и здравствена состојба.
„По анализата на изборните резултати раководството на ВМРО, преку Извршниот комитет донесе одлука да поднесе оставка и да свика Организациски совет со цел подготовка и свикување на конгрес на ВМРО-БНД. Задачата на тој конгрес ќе биде да се донесе одлука за иднината на организацијата и да избере ново раководство.
Остануваме верни на бугарската национална кауза. Ги повикуваме бугарските политички партии, претставени во Народното собрание да не отстапуваат од заштитата на бугарските интереси во Македонија. Кауза која што ние ќе ја браниме по секоја цена”, напиша Каракачанов.
На изборите партијата на Каракачанов, од преброени 75,69 отсто од гласовите освои само еден процент, додека на претседателските избори нивната двојка освои 0,46 отсто.






