петок, 1 мај 2026

Издржав куршум во војната, ќе го издржам гневот на јавноста, ако треба и оставка ќе дадам, рече Ангелов

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на Центарот за управување со кризи Ангелов на новинарски коментари за негова одговорност за лошата координацијата меѓу институциите синоќа за време на пожарите, одговори со повик новинарска екипа да тргне со него во исто возило и да се упатат кон Старо Нагоричани за да се уверат како се одвива неговата организација и координација на акциите за борба со огнот.

Антелов дури понуди и лет со хеликоптер за да може со камера да се снимат состојбите на терен, притоа нагласувајќи дека најпрво треба да се увиди дали постои таква можност, со оглед на ограничениот број на летала со кои располата државата.

Директорот на ЦУК повеќе пати нагласи дека нема надлежност дури ни да побара цистерни со вода од општините или од други државни институции, но дека и тоа го правел во текот на ноќните часови. Ангелов нагласи дека на ЦУК и на други институции им е потребна сериозна и голема реформа и дека токму затоа се нафатил на функцијата. Рече дека наесен ќе стартува проектот „112“, единствениот повикувачки број, за што со помош на ЕУ била спроведена и обука на кадрите и агласи дека таков проект со децении задоцнет, е изготвен за само неколку месеци. Во тој контекст тој рече дека за жал, земјава има многу застарена техника и механизација за кризни состојби.

„Полициските хеликоптери не се опремени за гасење, но ги користиме за набљуување и ќе ги користиме за транспорт на материјал и луѓе. Авионите, “ер-трактор’ се на Дирекција за спасување и немаме надлежност врз нив. Новиот директор ги затекна овие летала во бирократска процедура околу сервисирањето. Не можеме да сметаме на овие авиони, но хеликоптерите се попрактични затоа што, заради илустрација, тие вчера на само еден километар оддалеченост од огнот, црпеа вода по еден или два тона. Имаме три армиски хеликоптери, но функционални се два. Едниот беше сервисиран во текот на ноќта, па утрото два полетаа. Но, да корегирам едно вчерашно медиумско пренесување на изјави. Хеликоптерите не е дека не можат ноќе да летаат, можат, но не може да гаснат, затоа што во темница не можат безбедно да се доближат до огнот, но и не можат ноќе од вир да црпнат вода“, рече Ангелов.

Тој најави дека се чека пристигнување на 4 хеликоптери од Србија, кои попладне би требало да почнат да гасат. Нагласи дека уште од сега не е можно да се каже каде ќе бидат упатени, бидејќи пожарите се непредвидливи.

„Како во војна, додека пешадијата, човечката нога не нагази, не може успешно да се угаси целосно голем пожар. Лисјата од дрвјата паѓаат и прават слој, кој потоа одоздола тлее заедно со смолата во старите шуми и огнот се шири и таму каде што не го очекувате,помогнат од ветерот“, рече Ангелов.

Тој информира дека денеска се ангажирани сите расположливи пожарникарски сили во земјата. Притоа, Ангелов нагласи дека вчера не можело од Скопједа бидат ангажирани големи пожарникарски сили, кога само во градот имало 15 урбани пожари. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ