петок, 1 мај 2026

И партиите на Турците во Македонија се среќни со измените во Законот за државјанство, сега и иселените Турци имаат право на пасош

Објавено на

часот

Сподели

И другите партии на Турците во Македонија, и опозициски и провладини, изразија задоволство од можноста која сега им се дава на иселените Турци од Македонија во педесетите и шеесетите години од минатиот век.  

„Граѓаните кои и досега ги исполнувале условите за добивање државјанство, но немаа право да поднесат барање за државјанство затоа што емигрирале, сега ќе можат да аплицираат за државјанство на Северна Македонија“, напиша Енес Ибраим на својот фејсбук профил.

Тој потсетува дека пред неколку години имигрантите во Турција добија право да аплицираат за државјанство на Македонија само ако ги исполнуваат сите услови за државјанство. Досега тоа им беше оневозможено затоа што емигрирале во татковината.

И опозициската Турска демократска партија го поздрави донесувањето на овој закон со елиминирањето на неправдата сторена „кон нашите браќа кои емигрирале“. Сите партии ги истакнуваат промените во членот 8 од Законот за државјанство.

Во 1954 и 1956 година година Федеративна Народна Република Југославија и Турција потпишале протокол и договор за обесштетување на имотите на иселените Турци. Се проценува дека во тој период само од Македонија се иселиле повеќе од 150 илјади Турци. Според повеќето истражувачи на ова прашање, причините за масовното иселување на наведеното население биле различни, меѓу кои и новото народно-социјалистичко уредување на земјата, мерките што биле преземени на тој план, наводната верска и интелектуална заостанатост на муслиманското население, роднинските врски, верските побуди, ограничувањата на верските слободи, влијанието на „реакцијата“, укинувањето на приватната сопственост, аграрната политика… Но, се споменува и односот на тогашната власт кон наведеното население, кое потајно било третирано како непосакувано.

Во тој период одговорни раководители во Македонија, спротивно на вековната традиција на негување соживот на овие простори, свесно дозволиле и поттикнале откорнување од своите огништа на неколку стотици илјади нивни лојални сограѓани.

А.Д.

 

Кои се измените во Законот за државјанство:

                                                   Член 7

Во рок од три години од денот на влегувањето во сила на овој закон на државјанин на друга република на поранешната СФРЈ и државјанин на поранешна СФРЈ кои до 8 септември 1991 година, односно до времето на прогласување на независноста на Република Македонија живееле на територијата на Република Македонија, се стекнува со државјанство на Република Северна Македонија по сила на овој закон, доколку поднесат барање до надлежен орган и кон барањето приложат најмалку еден од следниве документи во оригинал или копија заверена на нотар издаден од орган или правен субјект во Република Македонија во периодот утврден во овој став и тоа:

1) извод од матичната книга на родени;

2) доказ за завршено учебна година (свидетелство, уверение или диплома);

 3) доказ за заснован работен однос со М1 / М2  образец;

4) работничка книшка;

5) доказ за платен данок согласно законските регулативи кои во тој период важеле во Република Македонија,односно доказ за платен: данок од личен доход на работниците; данок од личен доход од вршење земјоделска дејност; данок од личен доход од самостојно вршење на стопанска и професионална дејност; данок од надоместок од авторски права, патенти и технички унапредувања; dанок на приходи од имот и имотни права; данок на имот и данок на наследство и подарок;

 6) одлуката на даночниот обврзник од страна на Управата за јавни приходи;

 7) доказ за платена сметка за следниве услуги: електрична енергија, греење, вода, телефонски услуги;

 8) патна исправа (пасош) издадена од поранешната СФРЈ или РМ;

 9) лична карта издадена од поранешната СФРЈ или РМ;

 10) лична карта за странци;

 11) здравствена книшка;

 12) извештај, потврда, отпусно писмо или друг документ со кој се докажува извршено лекување во јавни здравствени установи во Република Македонија;

 13) поседовен или имотен лист на име на барателот;

 14) штедна книшка за депонирање на заштеди во банка (правно лице) основана од Република

Македонија согласно закон;

 15) други докази издадени од надлежни државни органи со кои ќе се потврди постојаното живеалиште на територијата на Република Македонија и

 16) сведителствата кои се издадени од 1991 до 1998 година за лицата родени од 1984 година до 1991 година.

                                                Член 8

Постапките за стекнување или престанување на државјанство на Република Македонија започнати согласно Законот за државјанство на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 67/92, 8/2004 98/2008, 158/11 и  55/16), од денот на влегување во сила на овој закон ќе се решават според одредбите на овој закон.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ