четврток, 7 мај 2026

И Јован Деспотовски можен кандидат за лидер на СДСМ, „не се плашам од предизвици”

Објавено на

часот

Сподели

„Јас сум член на СДСМ веќе 25 години. Сум ги поминал сите партиски структури. Одговорноста е навистина голема, но не се плашам од предизвици. Некои одлуки не се едноставни. Треба да се понуди концепт на единство. Треба да зборуваме за тоа какви луѓе ни требаат, а не кои луѓе. Тоа треба да биде нашиот наратив. Не само во партијата, туку генерално во општеството“, вели во изјавата за МКД.мк Деспотовски.

Деспотовски е актуелен директор на Дирекција за ТИРЗ.

Досега официјални кандидатури поднесоа Фросина Ременски и Димитар Ковачевски, а во најава е и кандидатурата на Миле Зечевиќ.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ