Како што пренесуваат од кабинетот на вицепремиерот, на дискусијата тој истанал дека се преземаат бројни активности во текот на овие денови за одбележување на 20 – годишнината од Охридскиот договор, допирајќи ги сите важни аспекти опфатени со овој Мировен договор со кој заврши конфликтот во 2001 година, за да отвори различни хоризонти за сите заедници во оваа земја, но и за земјата како резултат на спроведувањето на Охридскиот договор.
„Сега, кога пристапуваме до сите архиви, гледаме дека евроатлантската перспектива на земјата е загарантирана токму со спроведувањето на Охридскиот договор и добивањето статус на земја-кандидат за членство во ЕУ на нашата земја е директен резултат на спроведувањето на Охридскиот договор, во декември 2005 година“, истакнал Груби.






