Пратеничката нагласи дека на Собранието му претстои многу работа, особено во донесувањето на овие закони кои со месеци па и години се блокирани од страна на опозицијата.
„Време е за одговорност и работа во интерес на граѓаните, носење на овие закони, но и на други измени и дополнувања на законите кои ќе значат подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и забрзан реформски процес во државата. Особено имајќи предвид предизвиците пред нас како енергетска криза, пандемијата, продолжување на евро-атланскиот пат на државата“, рече Георгиевска.
Таа нагласи дека во СДСМ очекуваат конструктивност од страна на опозицијата, низ аргументирана дебата, без блокади и опструкции да се донесе Буџетот за 2022 година, зашто тоа е одговорност на секој пратеник кој добил доверба од граѓаните.






