петок, 1 мај 2026

Георгиевска: Како социјалдемократи водиме грижа за помалку имотните семејства

Објавено на

часот

Сподели

И оваа година граѓаните со ниски примања ќе добијат ваучер за летување кој за разлика од минатата година, оваа година изнесува 12.000 денари, а ќе можат да го користат семејства чии вкупни месечни примања не надминуваат 30.000 денари, рече на прес-конференција пратеничката од СДСМ. .

Таа нагласи дека за една недела од отворањето на јавниот повик до Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации по што повикот е затворен.

„За реализација на оваа мерка од државниот буџет предвидени се 15 милиони денари или 2,5 милиони евра за вкупно 1.250 ваучери. Ова се пари кои ќе завршат кај домашните хотелиери, со што ќе се помогне нивната работа во време на постковид пандемија, а истовремено ќе им се помогне и илјадници семејства со ниски примања. Помош и поддршка за граѓаните, за домашната македонско стопанство се нашите приоритети како социјадемократска партија“, рече пратеничката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ