петок, 1 мај 2026

Фатмир Лимани, прв независен кадидат за градоначалник на Општина Кичево

Објавено на

часот

Сподели

„За претстојните локални избори денес ја имаме кандидатура на Фатмир Лимани како независен кандидат за градоначалник на Општина Кичево.Тој го собра неопходниот минимум од 350 потписи на граѓани и денеска официјално ја поднесе својата кандидатура. Во текот на денот ја има поднесено и првата независна советничка листа за која својот потпис го дадоа 372 граѓани“, рече Младен Ванчоски, од Подрачното одделение на ДИК во Кичево.

Ванчоски појасни дека граѓаните ќе можат да ги доставуваат независните листи за собирање потписи за градоначалник или за совет во периодот од 16 до 30 август.

„Сите заинтересирани граѓани кои имаат намера да поднесат кандидатура за независни кандидати на претстојните локални избори или за независна советничка листа, тоа можат да го направат во периодот од 16 до 30 овој месец“, додава Ванчоски.

Тој нагласи дека од 21 овој месец до 9 септември, граѓаните можат да направат увид и во Избирачкиот список. Во изминатите неколку дена повеќемина граѓани го посетиле Подрачното одделение ДИК во Кичево. 

Лимани, кој инаку е внук на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, неодамна ијзави дека со политиките и постапките на Ахмети, во последните неколку месеци станува јасно дека тој работи во насока за спојување на ДУИ со СДСМ.

Затоа сум револтиран. Затоа има многу други членови на ДУИ кои се против ова спојување. Мислам на Муса Џафери, Изет Меџити, Садула Дураку, Блерим Беџети и други. Овие луѓе се против моменталните политики на ДУИ и против именувањата на функционерите на ДУИ во Влада, затоа што ниту еден од нив ги нема поминато партиските филтри“, рече Лимани во емисијата „Клик плус“.

Лимани даде оставка пред една недела од сите позиции во ДУИ и се промовираше како независен канидат за градоначалник на Кичево. „Ќе се кандидирам како независен од многу причини. Актуелниот градоначалник од 2002 година е претседател на партискиот огранок на ДУИ, беше заменик-министер, па директор на пошта. Вршеше и други раководни функции. Потоа стана градоначалник на Осломеј, па градоначалник на Кичево. Како единствен успех во целиот период може да му се смета поплочувањето на улици со бекатон-плочки, но и тоа мора да се провери бидејќи цена по која се набавени и целата зделка се сомнителни. Во истиот овој период, страшно и срамно е што основните училишта се уништени, а меѓу гимназијалците од градот бројот на корисници на дрога и алкохол надминува над 60 отсто“, изјави Лимани пред неколку дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ