четврток, 7 мај 2026

Експерт за сајбер безбедност од САД ќе советува во Министерството за одбрана

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за одбрана, во следниот период тој интензивно ќе работи со клучниот сајбер персонал на исполнување на амбициозната агенда на Министерството и заедничките напори за изградба и зајакнување на сајбер капацитетите на национално ниво. Во рамки на предвидените активности се планира развивање на нови т.н. сајбер авторитети и специјализирани сајбер тимови за брз одговор и мониторинг.

Министерката Радмила Шекеринска му посака добредојде на новиот советник на состанокот на кој присуствуваше амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, одбранбениот аташе и претставник од Канцеларијата на САД за одбранбена соработка со Северна Македонија, и рече дека неговата улога ќе биде важна во развојот на нашата сајбер одбрана.

„Северна Македонија и САД уште еднаш покажаа дека сојузништвото има заеднички интереси, но и заеднички цели. Воедно, тоа сојузништво значи и дека стојат зад нас со своите експертски потенцијали“, рече Шекеринска.

Ранеро, пак, вели дека му е чест да учествува со својата експертиза во оваа сфера, во важен период за најновата членка на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ