петок, 1 мај 2026

Димитров од Виена: Крајно време е ЕУ да го исполни ветувањето кон Северна Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Според него, крајно време е за добри вести и прогрес по европскиот пат за целиот регион.

„Ако се вратиме на основите како што предвидува и самата методологија, не смееме да го заборавиме базичното правило дека процесот на пристапување е двостран и подразбира испорачување на обете страни“, изјави Димитров .

Димитров на Самитот за Западен Балкан во Виена учествуваше на покана на

австриската министерка Каролине Едштадлер.

Како што соопшти СЕП, тематскиот панел бил фокусиран на размена на мислења за процесот на проширување на Европската Унија, при што се дискутирало за предизвиците во пристапниот процес на регионот во светлото на новата методологија за преговори, користењето на фондовите од Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и стратешката комуникација на ЕУ со регионот.

Димитров истакнал дека новата методологија за пристапни преговори може да внесе нова динамика и поголема веродостојност на пристапниот процес само ако е правилно применета, за што е потребна заемна посветеност – и на земјите кандидати, и на Европската Унија. Тој уште дополнил дека Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан е признание од страна на ЕУ дека треба да стори повеќе за регионот за да го одржи процесот на европеизација, како подадена рака за фундаментални реформи, брза имплементација и регионална економска интеграција.

Според него, партнерството за соочување со глобалните предизвици е важно и за подобрување на стратешката комуникација, но сѐ се заснова на тоа колку граѓаните може да веруваат на зборовите на Брисел и главните градови на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ