четврток, 30 април 2026

ДИК: Жалбената постапка заврши, ќе се склучи договор за набавка на „фингерпринт“

Објавено на

часот

Сподели

„Комисијата половина час пред седницата доби известување од Државната комисија за решавање по жалби за јавни набавки, дека жалбата поднесена во постапката за тендерската постапка за набавувањето на уредот на биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст е одбиена. Тоа значи дека конечно ДИК, како договорен орган има правосилна одлука, односно конечна одлука во постапката. Избран е економскиот оператор и во наредниот период ќе се пристапи кон склучување на договор за набавка на уредите“, беше соопштено на седницата.

Од ДИК додадоа дека со тоа е исполнет и последниот услов за одржување на изборите и, како што истакнаа, се надеваат дека ќе се оствари правото „еден гласач, еден глас”.

Беше наведено дека првата испорака треба да биде за околу 20 дена и тоа пет проценти од вкупниот број, од четири илјади.

„Ние имавме подготовки од два дена кои траеја по цел ден, така што сме подготвени за почеток на изборите, ја чекаме одлуката на претседателот на Собранието Талат Џафери. По донесувањето на одлуката и добивањето од страна на Службен весник, веднаш ќе одржиме седница на која треба да го донесеме роковникот за спроведување на локалните избори“, соопштија од ДИК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ