петок, 1 мај 2026

ДИК на оглас бара обучувачи на општинските изборни комисии, прво ќе поминат петдневна „обука за обучувачи“

Објавено на

часот

Сподели

Во јавниот повик ДИК објавува дека од заинтересираните кандидати ќе се селектираат 45 кандидати, а од кандидатите кои ќе ја поминат административната селекција и интервјуто се бара:

-Да ја посетуваат обуката за „Обука на обучувачи“ во траење од 5 дена, со цел да се зајакне знаењето и вештините на кандидатите за вршење обука/едукација на возрасни лица за изборниот процес и за одговорностите на изборните органи и сите вклучени страни и

-Да ја следат тековната програма за менторска поддршка од страна на вработените во Секторот за едукација на ДИК.

Оние што ќе ја поминат обуката за обучувачи и тестирањето ќе добијат сетификати.

Според огласот на ДИК, сертифицираните кандидати ќе имаат задача да спроведуваат обуки/сесии за едукација на општинските изборни комисии и на избирачките одбори според утврдените потреби и програмата, усвоена од ДИК, согласно Роковникот за спроведување на изборните дејствија за  Локалните избори 2021 година.

„За да стане обучувач, кандидатот треба да е државјанин на Република Македонија (се докажува со копија од важечка лична карта и/или пасош); Да има завршено високо образование (се докажува со копија од Диплома и/или Уверение за завршено високо образование); Искуство во спроведување обуки во организација на граѓански организации и/или јавна администрација од областа на правниот и/или политичкиот систем ќе се смета за предност (се докажува со копија од сертификати, потврди и/или уверенија); Претходни искуства во изборниот процес ќе се смета за предност (се докажува со копија од сертификати, потврди и/или уверенија)“, пишува во огласот на ДИК.

Нивната задача ќе биде подготовка и спроведување на обуки за избирачки одбори за подготовка за Локалните избори 2021 година, спроведување на обуките за време на работни денови, денови на викенд и државни празници, заедничко работење со тим на обучувачи под водство на ментори од ДИК, патувања низ државата, согласно потребите, како и расположливост за спроведување на обуките според барањата и потребите на ДИК, непостојан/привремен ангажман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ