петок, 1 мај 2026

Џамбаски: Заев, кога е во Скопје, заборава дека Македонија е бугарска

Објавено на

часот

Сподели

Само пред еден ден бугарските власти критикуваа за постоење говор на омраза во македонската јавност, меѓу политичарите и медиумите, но никој не кажа ниту збор за говорот на омраза во бугарската јавност.

„Македонија е бугарска. Факт, којшто нема потреба да се докажува. Факт којшто Зоран заев го заборава кога е во Скопје. И се потсетува само кога ќе побара нешто. Вистината не може да се заобиколи, а судбината на секој предавник е да биде отфрлен од историјата“, пишува Џамбаски на социјалните мрежи.

Во видеото кое е дел од предизборната кампања на ВМРО-БНД се вели дека Бугарија секогаш ја сакала Македонија, но не бивало Бугарија да биде изнудувана. Пораките што ги упатуваат се следни:

Пријателство се гради со доверба и доследност.

Вистината не може да се заобиколува.

Договорите, Заев, се двострани документи.

Вие одбивате да стоите зад вашиот потпис.

Бугарските патриоти ќе ја продолжат битката за својата вистина. Македонија е бугарска.

Под пораките се потпишани Бугарските патриоти – ВМРО, Волја и НФСБ

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ