четврток, 30 април 2026

Џафери ги распиша локалните избори за 17 октомври

Објавено на

часот

Сподели

Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до Државната изборна комисија, како и до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда.

„Денес го потпишав решението за распишување на локалните избори за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје. Според законските одредби, локалните избори ќе се одржат на 17-ти октомври  2021 година. Бидејќи изборната кампања почнува дваесет дена пред денот на одржување на изборите, во тој период Собранието нема да има пленарни и комисиски седници.На овој начин, им се овозможува на политичките партии и кандидати целосно да се посветат на изборната кампања, а во исто време да се одбегне можноста кампањата да се пресели во собраниската сала“, потенцира Џафери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ