четврток, 30 април 2026

Детектив, физиотерапевт, наставник, вработен во општина… меѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници

Објавено на

часот

Сподели

Николоски ги соопшти имињата на 26 кандидати и меѓу нив се речиси сите кандидати за скопските општини, но не и за Градот Скопје. Според него, најголем процент од избраните се нова генерација на политичари, познати во средините каде што живеат и со највисок рејтинг според мислењето на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ги предложи следните кандидати за локалните избори:

Кисела Вода, Орце Георгиевски, актуелен советник

Сопиште, Стевче Трповски, актуелен градоначалник

Центар, Наташа Котлар, редовен професор во Институтот за национална историја

Кочани, Љупчо Папазов

Петровец, Борче Митевски, актуелен градоначалник

Илинден, Александар Георгиевски, актуелен советник

Штип, Иван Јорданов, актуелен пратеник

Велес, Марко Колев, поранешен директор на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион

Радовиш, Александар Ристов, стопанственик

Конче, Златко Ристов, детектив и поранешен бранител

Босилово, Ристо Манчев, поранешен пратеник

Валандово, Тони Узунов, стопанственик

Богданци, Марјан Пеев, вработен во општината

Дојран, Филип Дончовски, поранешен извршен директор на хидросистемот за спас на Дојранското езеро

Гевгелија, Андон Сарамандов

Неготино, др Горан Стојанов, раководител на Итна медицинска помош

Демир Капија, Андон Донев, наставник

Росоман, Тихомир Николов, инженер по компјутерски науки

Прилеп, др Борче Јовчевски, ортопед

Кривогаштани, Александар Богдановски, актуелен претседател на Совет на општината

Могила, Драганчо Соботковски, агент за осигурување

Новаци, Стевче Стевановски, агроном

Вевчани, Спасе Кочовски, социолог

Брвеница, Јовица Илиевски, физиотерапевт

Јегуновце, Димитар Костадиновски, специјалист по маркетинг

Гази Баба, Бобан Стефковски, државен советник

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ