петок, 1 мај 2026

Денес завршува рокот за третиот обид да се пополни бројот на реонски попишувачи и инструктори

Објавено на

часот

Сподели

Државниот завод за статистика ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација.

Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. „Даме Груев“ бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна до 19 август 2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.

Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се одржи од 5 септември до 30 септември 2021 година.

Во меѓувреме продолжува електронското самопопишување на државјаните на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Самопопишувањето на македонските државјани во странство ќе трае до 30 септември, кога завршува Пописот на населението, домаќинствата и становите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ