петок, 1 мај 2026

Данела Арсовска независен кандидат за градоначалник на Скопје, можна е поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

„Време е да делуваме различно од досега, а времето не чека никого. Доаѓа крајот на политички агенди и лажни ветувања. Политички калкуланти, лаги и корупција континуирано ни ги одземаат шансите за нормален живот. Заткулисни игри предолго го окупираат градот и неговото функционирање, а незадоволството кај граѓаните континуирано се зголемува.

Моите сограѓани не бараат многу. Не бараат лажни ветувања кои никогаш нема да бидат исполнети. Тие бараат храбри личности кои ќе ги застапуваат нивните права и привилегии и ќе се грижат за нивните потреби за достоен живот како што заслужува секој еден граѓанин. Скопје како град не се развива, стагнира и се уназадува. Или ќе стоиме на страна или ќе се почнеме заедно да го менуваме на подобро.

Време е да се одбере – празни ветувања, нереализирани проекти или вредни, способни и исполнителни личности кои  нема да потпаднат под политички притисоци и нема да се откажат од својата визија. Партизираност на институциите или одлучност и професионалност за пристоен живот“, се вели во денешната објава на Данела Арсовска, која е претседателка на Сојузот на стопански комори.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ