петок, 1 мај 2026

Да не се поттикнуваат ксенофобички чувства за луѓе кои бегаат да го спасат својот живот

Објавено на

часот

Сподели

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права велат дека иако реалноста целосно ги демантираше лажните вести за населување на стотици илјади мигранти и градење бегалски кампови, омразата продолжи да се одржува во континуитет и деновиве повторно доживува подем.

„Со оглед на досегашните искуства во земјава со реториката во предизборни периоди, Хелсиншкиот комитет стравува од можното искористување на авганистанската криза во пресрет на локалните избори. Токму затоа, упатуваме апел до медиумите, а особено до политичарите, да не поттикнуваат ксенофобични чувства кај граѓаните заради постигнување одредени политички цели. Ваквото искористување на судбината на луѓе, кои бегаат за да го спасат својот живот поради тоа што се соочени со смртни закани во својата земја, се коси со меѓународните конвенции на кои сме се обврзале како држава (Конвенцијата за статусот на бегалците на Обединетите нации и Европската конвенција за човекови права), но и со основните морални начела за солидарност со оние кои се обесправени и чија егзистенција е директно загрозена“, се вели во реакцијата на Хелсиншкиот комитет. 

Од таму додаваат дека во наредниот период будно ќе ги следи случувањата на терен и ќе овозможи правна поддршка за 450-те хуманитарни работници, граѓански активисти, новинари, преведувачи и нивни семејства, кои ќе бидат прифатени во земјава и згрижени во неколку хотели.

Комитетот исто така го следи и ксенофобичниот говор во јавноста и редовно ќе поднесува пријави за говор на омраза до надлежните институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ