петок, 1 мај 2026

Ципрас: Бугарија треба да го следи примерoт што го дадовме во Преспа

Објавено на

часот

Сподели

Со договорот од Преспа ја принудивме ЕУ да го одмрзне процесот на проширување, да ја зајакне својата улога во регионот и да даде зелено светло, не само за Северна Македонија туку и за Албанија, вели поранешниот премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, во интервју за МИА. На тригодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, Ципрас вели дека се воспоставил стратегиски однос на соработка и пријателство меѓу двете држави.

„Покажавме дека прогресивните сили навистина можат да го сменат светот и дека е изводливо изнаоѓањето заемно прифатливи договори, доколку постои почитување. Меѓусебно почитување и почитување на меѓународното право. Не беше лесно за мене и за Зоран, ниту за Никос Коѕијас и Никола Димитров. Во преговорите имаше и несогласувања и конфронтации. Но, меѓу нас постоеше почитување и политичка волја дека работите треба да се променат кон подобро, без разлика колку и да е тешко. Така се гради пријателство и во политиката и на човечко ниво”, нагласува Ципрас.

Тој додава дека доколку беше и сега на власт, дека ќе инсистирал на доследно спроведување на Преспанскиот договор.

„Имплементацијата на Договорот не се одвива во лабораториски услови. Само со постојана комуникација, почит, упорност и градење доверба можеме заедно да им одговориме на оние кои сакаат да го поткопаат Договорот. Па така, високо ќе ја поставевме целта за спроведувањето на Договорот од страна на Грција и истото ќе го побаравме и од нашите пријатели. Во оваа рамка, како што беше случај со многу други јавни ентитети во Македонија, особено за време на владата на СИРИЗА, навремено ќе беше решено и прашањето со дресовите на репрезентацијата, на начинот предвиден во Договорот од Преспа”,
порачува Ципрас, споменувајќи и  одржување на вториот Совет за соработка на високо ниво, за напредок за трговските ознаки, како и дека ќе беше спроведена одлуката од јуни 2019 година за учебниците во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ