петок, 1 мај 2026

Цаноски: ДУИ беа спремни и на моја ликвидација ако прогласевме победа во Струга во 2009-та!

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа што се случуваше во тие 15-тина дена, повеќе личеше како да е воена состојба. Во Струга се појавија стотици непознати лица со странски, претежно косовски регистарски таблички. Во сите тие денови бевме следени и провоцирани на различни начини.

На денот на гласањето, во целата општина имаше доволно полициска заштита на сите избирачки места, но во 13 часот напладне наеднаш ги снема… До 13 часот според излезноста беше јасно дека победуваме, но откако полицијата се повлече, јасно ми беше дека свесно се прави кражба на тие избори.

На крајот на денот се виде дека, иако имавме историски преку 16.500 гласови, што никогаш ниту еден градоначалник не успеал да освои, Рамиз Мерко и ДУИ имаа 18.500 гласови.За ДУИ гласаше и живо и умрено, се гласаше со кредитни картички, еден човек гласаше десетпати. ВМРО и ДУИ се исмејуваа на нашите посматрачи, кои немаа сила да го спречат криминалот. Имавме и снимки, сведоци и докази. Залудно. ДУИ излезе уште во 17 часот да слави“, вели Цаноски за неделникот „Фокус“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ