Во изјавата од бугарското МНР за БГНЕС се вели дека Бугарија го очекува објавувањето на Резолуцијата за да може внимателно да ја анализира содржината и од аспект на нејзината компатибилност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка кој што беше ратификуван од македонското Собрание, како и потенцијалното влијание на Резолуцијата врз досегашниот дијалог.
Според изјавата од МНР, за Бугарија би било целосно неприфатливо преку такви акти да се мотивира или оправдува неисполнување на Договорот од 2017 година што е во спротивност со принципите на меѓународното право.
„Единствениот правилен начин за изнаоѓање на одржливи и взаемно прифатливи решенија за актуелните предизвици во односите е стриктното придржување кон постигнатите договори и преземени обврски, нивното спроведување, како и поддржувањето на искрен дијалот“, велат од бугарското МНР.






