четврток, 30 април 2026

Благодарност до пожарникарите од Австрија, Бугарија, Словенија, Романија, АРМ, МВР… за борбата со пожарите

Објавено на

часот

Сподели

„Изразуваме посебна благодарност и до пожарникарите од Австрија, Бугарија, Словенија, Романија, припадниците на АРМ, МВР и на сите други институции, централни и локални и посебно на месното население, кои несебично се вклучија ризикувајќи ги сопствените животи во гаснењето на овие пожари“, се вели во соопштението.

Според Синдикатот, и оваа природна катастрофа го покажа и го потврди значењето на ЈП „Национални шуми” и дејностите кои ги врши, како и значењето и потребата на вработените во овој систем.

Посочуваат на потребата од дополнително вложување во материјалните ресурси и од зголемување на платите на вработените и нивна редовна исплата, како и соодветна трансформација и зачувување на работните места и унапредување на човечкиот и материјалниот потенцијал

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ